Заев: Согласност за три точки од седум, охрабрување дека е можно решение за името

Македонскиот премиер Зоран Заев вели дека е оптимист за решавање на спорот со Грција, но додава дека важни во преговорите се идентитетот и достоинството. Оптимизмот го темели на тоа што, како што посочува, од седумте појдовни точки за три веќе е постигната согласност.

- Медијаторот Нимиц го води процесот, тој ги знае во суштина работите кои можат да поминат, кои не можат да поминат кај едната и кај другата страна. Важно е да се гради довербата помеѓу двете страни во функција на решавање на проблемот. Мене ми е драго што се разглобени во суштина сите отворени прашања. Ако тргнеме од некои седум позиции кои беа појдовните точки на разговорите, знам дека веќе е намалено на четири позиции, три се отстранети. Јас верувам дека со политиката на новата Влада многу брзо ќе можат да се отстранат и другите позиции, изјави вчера Заев.



Потенцира дека, веројатно тие биле најлесните прашања, но како што рече, тоа треба да биде сигнал за нас и охрабрување за грчката страна дека е можно да се изнајде решение.

- Секако, суштинските позиции се многу значајни, името, Уставот дали ќе се менува или не, јазикот и други работи кои таму се спомнуваа. Тоа е суштината на самиот преговарачки процес и можноста за изнаоѓање на решение, рече Заев.

Потенцира дека Република Македонија сака решение, а Владата, како што наведе, прави буквално се, се обидува да гради внатрешен консензус во државата, во функција на изнаоѓање конечно решение.

- Ако бидеме навистина оптимисти во овој процес, ако сакаме навистина искрено да се изнајде решение, тоа е можно, процесот има временски период пред себе. Се надевам дека секој следен чекор ќе не приближува во делот на сите оние ставки кои се отворени, а буквално треба да бидат мост на сплотување и конечно изнаоѓање решение на проблемот со името кој Република Грција го има со нашето уставно име, рече Заев.

Потврди дека географската одредница е прифатлива опција за македонската страна и посочи дека се споменуват неколку имиња.

- Тоа значи за нас е прифатливо име со географска одредница, односно ги отстрануваме сите други кои беа временска одредница, или некои други укажувања кои беа како предлози, информираше премиерот.

Очекува двете страни да бидат прагматични, а евентуалното решение да биде потврдено на референдум.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...