Доставени информации до институциите за случајот со двајцата загинати планинари

Планинарското друштво „Трансверзалец“ ги доставило сите потребни информации до соодветните институции во врска со загинувањето на Калина Велевска и Александар Миновски.

На својата Фејсбук страна, планинарското друштво напиша дека со изјава ќе излезе во петок по завршувањето на истрагата и објавувањето на извештајот.

- Со жалење и неизмерна тага изразуваме сочуство за прерано изгубените животи на нашите Калина и Александар. Тие беа дел од нашата заедница и клубот, и ќе им недостасуваат на сите членови и планинари. Уште еднаш искрено сочувство до нивните семејства и блиски. Двајцата другари и колеги планинари ќе ни недостасуваат бескрајно и секогаш ќе се сеќаваме на убавите спомени од сите наши заеднички акции, се вели во објавата на ФБ.

Во врска со овој трагичен случај, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија соопшти дека формирале посебна комисија од нивни членови и експерти која ќе ги анализира околностите под кои загинаа двајцата планинари.

Претходно, семејствата на загинатите преку писмо изразија сомневање во професионалноста на организаторите на турата и бараа одговорност.

Калина и Александар загинаа при искачување на планината Кајмакчалан изминатиот викенд. Тие ќе бидат погребани денес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...