Суспендиран водичот кој ја водеше групата планинари кога загинаа Калина и Александар

Федерацијата на планинарски спортови го суспендираше водичот на групата која изминатиот викенд се искачуваше на планината Ниџе кога двајца македонски планинари загинаа.



Водичот Зоран Костадинов е суспендиран пред се од морални причини, потврдуваат од Федерацијата на планинарски спортови.
Во извештајот и анализата за искачувањето на Кајмакчалан се наведува дека кон врвот тргнале 63 планинари предупредени од водичот дека во зависност од временските услови може да биде прекинато искачувањето во било кој момент.

На половина пат кон врвот, 23 планинари се откажале од понатамошното искачување и се вратиле во ски центарот. Кон врвот продолжила колона од 40 планинари, а на отприлика 600 м од врвот, колоната се поделува на две групи односно 22 планинари предводени од Костадинов биле први, а останатите од групата предводени од Калина Велевска ги следеле на околу 100 -150 метри растојание.

Во 11:15 часот првата група била на врвот и во 11:20 часот тргнала назад. Во 11.30 часот се сретнале со групата која се качувала кога е дадена наредба од Костадинов да се прекине искачувањето поради влошените временски услови. Во 11:35 часот двете групи почнале заеднички да се симнуваат кон ски центарот освен седум планинари кои се одвоиле од групата и самоиницијативно продолжиле кон врвот и стигнале до маузолејот.

- Во тој момент е воспоставен радиоконтакт помеѓу водичот Зоран и Александар. Александар добива изричита наредба од Зоран да тргнат назад што побрзо. Пет члена од оваа група се сретнува со остатокот од групата и со водичот Зоран на 50 метри од контролната ски куќичка.

Увидувајќи дека недостасуваат двајца планинари водичот придружуван со уште двајца планинари (Д.К. и Б.П) се враќаат назад кон врвот, пристигнуваат на врвот и ја пребаруваат околината обидувајќи се да воспостават радио контакт и телефонски контакт. Пребарувањето на тренот трае 30-40 минути. Под претпоставка дека двајцата планинари (К.В. и А.М.) се вратени назад, групата што ги пребарува, се упатува надолу кон центарот.

Во 13 часот, групата која што пребарува, пристигнува во ски центарот, констатира дека недостасуваат двајца планинари и ја алармира спасителната служба во центарот, се вели во извештајот.
Калина Велевска и Александар Миновски загинаа при искачување на планината Кајмакчалан изминатиот викенд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...