Хелсиншкиот комитет бара МТСП целосно да го испита случајот со девојчето од „25 мај“

Хелсиншкиот комитет за човекови права бара Министерството за труд и социјална политика да го испита случајот со како што посочуваат оттаму, сексуалното малтретирање малолетна штитеничка од Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“.



- Од извештајот на Европскиот центар за правата на Ромите произлегува дека штитеничката заедно со други деца од домот биле однесени на детски летен камп, каде што непознат маж сексуално ја малтретирал штитеничката. Кога била вратена во домот, штитеничката го пријавила малтретирањето кај згрижувачите во домот, но пријавите не биле земени како релевантни и штитеничката била обвинета дека лаже. Подоцна штитеничката била пренесена во Заводот за згрижување „Ранка Милановиќ“, каде што открила дека останала бремена како резултат на малтретирањето, се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

Оттаму велат дека треба да се испитаат наводите на Европскиот центар за правата на Ромите, дека во случајот била вклучени вработени во установата, но и дека тие не постапиле соодветно во случајот.

- За таа цел, Хелсиншкиот комитет писмено ќе се обрати до Министерството за труд и социјална политика и доколку досега тоа не го сторило, итно да спроведе постапка преку која ќе изврши надзор над установата „25 Мај’ за конкретниот случај и ќе утврди кои се причините поради кои, и покрај сознанијата за сексуално малтретирање штитеничка, вработените во установата не презеле ништо.

Воедно, ќе бараме Министерството да испита зошто пријавите на штитеничката не биле земени предвид од вработените во установата и дали воопшто било испитано дали наводите се вистинити и врз кои околности било заклучено дека се работи за лажни наводи? Понатаму ќе бараме Министерството да испита зошто за случајот не било известено Министерството за внатрешни работи како би можело да се испита вистинитоста на наводите на штитеничката и како евентуално би се повела постапка за прогон на сторителите, посредниците и оние што знаеле, а не презеле ништо и делото го прикриле, се вели во соопштението.

Од таму напоменуваат дека во случајот се работи за кривично дело трговија со дете. Исто така, велат од Хелсиншкиот комитет, алармантна е веста дека, освен предметниот случај, постојат сознанија за уште два слични случаја на малолетни девојчиња, кои исто така се штитенички на установата „25 Мај“.

Во случајот за 13-годишното девојче штитеник на јавната установа за деца со социјални проблеми „25 Мај“ за кое медиумите објавија дека било силувано и забременило, од МТСП велат дека најверојатно станува збор за сексуална експлоатација од надворешни лица или трговија со луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...