Денеска треба да се знае одговорноста за случајот со малолетничката од „25 Мај“

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска најави дека денеска ќе се знае дали и кој ќе понесе одговорност за случајот со 13-годишното девојче, штитеник на Јавната установа за деца со воспитни и социјални проблеми „25 Мај“.



- Одговорност ќе има откако комисијата во понеделник ќе ги даде препораките и ќе постапи соодветно. Нема можност некој да  се изземе од одговорност, рече Царовска во петокот во дебатната емисија Топ тема на ТВ Телма. Најави дека ќе побара одговорност од лицата кои раководат со институцијата.

Претодно истиот ден, Министерството организираше брифинг во врска со овој случај при што изрази сомневање дека најверојатно станува збор за сексуална експлоатација на девочјето од надворешни лица или дека тоа е жртва на трговија со луѓе. Во такви околности тоа забременило, по што со нејзина и со согласност на старателот и бил извршен абортус.

Малолетното девојче неколкупати своеволно ја напуштало установата, по што било пријавувано за исчезнато. Ваквите заминувања, посочија од МТСП не можеле да бидат спречени затоа што тоа е институција од отворен тип и законските решенија не дозволуваат да биде ограничувано движењето на штитениците. Во соработка со полицијата, тоа било пронаоѓано и враќано во установата.

МВР информираше дека малолетното девојче девет пати било пријавувано за исчезнато во периодот од крајот на 2016 досега од страна на вработените во социјално-згрижувачките установи и исто толку пати постапувале соодветните полициски служби. Во неколку наврати полицијата поднесувала и кривични пријави против повеќе лица за полов напад или за силување на малолетничката.

Првпат девојчето било пронајдено на улица пред МКЦ во Скопје во септември 2017 година и било вратено во институцијата, од каде било сместено во Безбедна куќа каде се сместуваат жртви на трговија и сексуално насилство, но оти и оттаму заминувало на негово барање.
Секогаш во изјавите во полицијата давало различни искази од тоа дека одела со свој дечко, дека тој со кој заминало заедно заработувале, или пак дека без на согласност имала сексуални односи со други лица.

Девојчето во 2016 година, пред да биде сместено во институцијата било во пет згрижувачки семејства, но ниту во едно од нив не се прилагодило. На нејзините родители им било одеземено родителско право бидејќи ја терале да проси по улици. Тие имале и деца, кои починале како последица од конзумирање на дрога.
Решение за ваквите случаи сопред министерката Царовска е трансформацијата на овие гломазни институции во мали групни домови, во кои ранливите категории ќе имаат поголема и целодневна поддршка.

- Првите излегувања на деца од институции се предвидени за мај-јуни 2018. Специјализираните мали групни домови ќе се справуваат со оптоварени деца со социјален ризик. Се работи со посебни протоколи, со посебни специјализирани лица... Дел од луѓето се обучуваат во овој момент и се од вработените, а дел ќе бидат нови лица кои ќе се вработат, вели Царовска.
За случајот имаше многубројни реакции, меѓудругите и од Народниот правобранител, Првата амбасада во светот Меѓаши, и канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија.
И од УНИЦЕФ сметаат дека Случајот е показател дека институционалната грижа не може да обезбеди соодветна заштита на децата од повреда. Решение треба да се бара во трансформирање на овие институции и згрижување на децата во семејна средина како мали групни домови, но и во зајакнување на капацитетите на социјалните служби, полицијата и вработените во образованието и здравството.
Иако злоупотребата се случила надвор од државна институција, посочуваат, случајот покренува сериозни прашања за тоа како општеството ги штити најранливите деца.

- Мора да признаеме дека институционалната грижа не може да обезбеди соодветна заштита на децата од повреда. Ниту пак можат да обезбедат здрав развој на децата и нивно закрепнување од траума, злоупотреба или занемарување кои можеби ги доживеале во семејството. Токму затоа Владата, ЕУ, УНИЦЕФ и другите партнери работат заедно на трансформирање на овие институции и згрижување на децата во семејна средина, каде секое дете ќе добие соодветна грижа, љубов и посветеност, сметаат оттаму.
За случајот изминатата недела објавија дел од медиумите повикувајќи се на реакција и извештај на Европскиот центар за правата на Ромите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...