Села: Се закануваа дека ќе ме убијат

Сведочејќи на судењето за насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година, пратеникот и лидер на Алјансата за Албанците Зијадин Села, рече дека во прес-салата бил удрен со монитор и со копје од знаме и оти слушал закани упатени кон него дека ќе биде убиен.



Во еден момент бил нападнат од лица од толпата кои го фатиле за глава и го удирале со тупаници, по што изгубил свест. Последно на што се сеќава е дека паднал на колена, по што почнале да го удираат по главата и телото.
Додаде дека при нападот се обидувале да го заштитат пратениците Сурија Рушити и Реџил Исмаили, но кога тие се повлекле тој останал сам и бил нападнат од толпата.
Се освестил по два часа во канцеларијата во Собранието, каде што дошла полицијата и итна медицинска помош.

Полицајците го маскирале во повреден полицаец и го одвеле во болница. Во ходникот го сретнал тогашниот министер за здравство Никола Тодоров кој рекол дека треба да биде пренесен во Градска болница, на што се спротиставил докторот кој инсистирал Села да биде пренесен на КАРИЛ. Таму, лекарите констатирале дека бил во животна опасност и имал хеморагија.

Како последица на претрпеното на 27 април, Села рече дека и денес прима терапија за болки и за слабо помнење.
Се присети и дека за време на настаните на 27 април во прес-салата имало некоја новинарка која го снимала и не му дозволила да излезе, упатувајќи му закани. Новинарката, како што рече, разговарала со некој со фантомка.

Исказот на Села за случувањата е одговор на прашањата на обвинителот. По исцрпувањата на прашањата од обвинителот, прашања почна да му поставува и неговиот адвокат. 
На претходното рочиште адвокатот на Села побара отштета за својот клиент во висина од 30 милиони денари. Средствата што се бараат како отштета се за материјалните трошоци за лекувањето на Села, како и за претрпената физичка болка, повреда на личниот интегритет и за претрпен страв.

Во овој случај обвинети се Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски - Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски - Кобра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...