Случајот со силуваното девојче се уште во фокусот на јавноста

Случајот со силуваното 13-годишно девојче, штитеник на Заводот за згрижување на деца со воспитни и социјални проблеми „25 Мај“, се уште ја разбранува јавноста.



Директорот на Заводот „25 Мај“ вчера си поднесе оставка од морални причини, а Министерството за труд и социјална политика очекува  Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да преземат мерки за да се пронајдат и санкционираат лицата коишто го злоупотребувале девојчето.

- Комисијата веќе утврди дека стручните служби и назначениот старател во неколку наврати ги алармирале надлежните институции за можна сексуална експлоатација на Р.И. Сега се истражуваат сите останати елементи за можно непостапување од страна на претходниот назначен старател на детето, информираа од ресорното Министерство.

Оттаму најавија дека интензивно се работи на процесот на деинституционализација и оти до средината на годинава ќе започне трансформацијата на установите за згрижување деца во мрежа на мали групни домови.

Во врска со случајот и полицијата од Велес поднесе кривична пријава против 18-годишно момче од Велес за кое постои сомнение дека извршил полов напад врз девојчето.
И родителите на девојчето, кое остана бремено и абортираше, побараа помош од адвокат за да им помогне да го вратат старателството врз неа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...