Собранието на работ на кворумот избра тројца потпретседатели

Пратениците Горан Мисовски, Фросина Ташевска Ременски и Весел Мемеди во рамки на 34. пленарна седница вчера беа избрани за потпретседатели на Собранието. Тие беа предложени со потписи од по 20 нивни колеги од СДСМ и ДУИ. Собранието, кое претходно ја изгласа и единствената заостаната точка на дневниот ред на 26. седница, во текот на целиот ден работеше на работ на кворумот.  



Изборот на Мисовски, Ташевска Ременски и Мемеди помина без дискусија. Гласањето на пратениците за потпретседателите беше поединечно, а тие беа избрани со по 61 глас „за“ и еден „воздржан“ и без ниту еден глас „против“. 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше на 34. пленарна седница на Собранието.
Претходно, во рамки на 12. седница во јануари годинава пратениците на предлог на претседателот на Собранието Талат Џафери изгласаа одлука Парламентот да има петмина потпретседатели. Тројца да бидат на предлог од владејачкото мнозинство, а две места за опозицијата односно за ВМРО-ДПМНЕ и Беса.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе со став дека оваа одлука е за да се задоволат желбите и потребите на владејачките партии и оти петмина потпретседатели на Парламентот би значело само  дополнително финансиско оптоварување.

Поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ одби да делегира свој кандидат и неможноста предлозите да го минат филтерот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и нејзиното неучество во работата на Собранието, владејачкото мнозинство се реши на избор на тројца потпретседатели со потписи на по дваесетина пратеници за секој кандидат. 

Пратениците не ја разгледаа предлог одлуката за објавување јавен оглас за избор на претседател, потпретседател и шест членови на ДИК, предложена од Антонио Милошоски, бидејќи тој не беше на седницата да ја образложи.  

Во рамки на 34. седница беа донесени измени и дополнувања на Законот за заштита на укажувачи, на Законот за народниот правобранител, на Изборниот законик, на Законот за градење, дополнувањата на Законот за вработени во јавен сектор и за Законот за Управата за јавни приходи, по скратена постапка и други закони, ратификации и автентични толкувања.

Во првото продолжение на седницата, Собранието донесе одлука за членови на Комисијата на Агенцијата за пошти да бидат именувани Благој Индов, дипломиран економист од Велес и Владимир Кировски, дипломиран инженер архитект од Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...