Таравари: Одземените ингеренции се политичка пресметка во корист на ДУИ

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари смета дека одземањето на надлежностите да именува и разрешува директори на општинските основни и средни училишта е политичка пресметка во корист на политичката партија ДУИ.



- Денеска, Заев ги одзеде ингеренциите на општина Гостивар и им ги даде на ДУИ. Истото се случи и во 2010 година, меѓутоа тогаш Груевски го направи истото.  Каде е разликата меѓу 2010 наспроти 2018 година? Според ова можам да кажам дека се спроведува праксата: кој не мисли како нас треба да се уништи. Едноставно, секоја чест, навистина ова е „општество за сите”, изјави Таравари.

Надлежностите на градоначалникот на општина Гостивар во делот на образованието му беа одземени вчера попладнето во делот што се однесува на именување и разрешување на директори на општински основни и средни училишта. Министерката за образование и наука Рената Дескоска одговарајќи на пратеничко прашање денеска рече дека причина за тоа е фактот што долго време не можело да се воспостави законитост во работењето во делот на образовнаието.

- Во решението што е донесено, а денеска веќе испратено до општина Гостивар, и ќе биде јавно објавено за да може јавноста да го види, опишани се сите чекори што биле преземани од страна на Државната просветна инспекција, сите решенија што биле донесени од нивна страна со укажување дека градоначалникот треба да ги почитува, но, за жал, тоа до ден денеска не беше сторено, рече Дескоска.

Од кабинетот на Таравари, потврдија дека до нив не е стигнато такво решение, а кога ќе го добијат ќе излезат на прес-конференција или ќе се огласат со соопштение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...