Иванов да го потпише законот за да се достави до Уставен и Венецијанската комисија

Претседателот Ѓорге Иванов да го потпише указот за Законот за јазиците за тој да стигне до Уставниот суд и да биде доставен до Венецијанската комисија, порачуваат политичарите и дел од експертската јавност.



По донесувањето на Законот за јазици, претседателот Иванов излезе со став дека Уставот и совеста не му дозволуваат да стави потпис на Указ за прогласување на ваков закон.
Премиерот Зоран Заев во видео обраќање вчера посочи дека Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5 кои се донесени пред 17 години.

- Никој не е, и не може да биде над Уставот. Истовремено, овој закон целосно ја гарантира соодветната употреба на македонскиот јазик и е сериозен придонес во градењето на концептот „Едно општество за сите граѓани, рече Заев, кој повика на отфрлање на политиките на поделби, раздор и конфликт и да се заокружат реформите.

Портпаролката на Европската комисија вчера изјави дека Комисијата очекува Законот за употреба на јазиците да биде испратен до Венецијанската комисија, како што е најавено во планот 3-6-9, и го нотира вчерашното усвојување.

- Имплементацијата на законот треба да биде во согласност со европските стандарди, вели Коцијанчич.
Додаде оти очекувањата на Европската комисија се Собранието сега да се фокусира на реформите и да се напредува во ЕУ агендата.

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права Мирјана Лазарова Трајковска, пак, смета дека прашањето дали претседателот Ѓорге Иванов ќе го потпише указот за Законот за јазиците е негова одлука, но, оти во оваа фаза не се работи за желба туку за должност.

- Одлуката на претседателот е негова како тој ќе постапува, меѓутоа словото на законот и на Уставот, пред се на Уставот, во оваа фаза се работи за должност не се работи за желба дали ќе се потпише указот или не туку за должност на претседателот кога по втор па Собранието ќе го усвои законот да го потпише, изјави Лазарова Трајковска, која е и поранешна уставна судијка.

Судијата на Уставниот суд на РМ Осман Кадриу не сакаше да даде оценка дали донесениот Закон за употреба на јазиците е уставен или не, за, како што рече, да не прејудицира евентуална одлука на Судот доколку до него стаса иницијатива за оценување на уставноста. Смета дека согласно Уставот, претседателот на државата Ѓорге Иванов е должен да го потпише Законот затоа што тој еднаш веќе го искористил правото на вето.

Не е умесно, рече тој, од од позиција што ја имам да кажам дали Законот е уставен или не.
- Прво, Законот треба да влезе во правна сила откако ќе биде објавен во „Службен весник“. Потоа, треба да се чека ако до Судот дојде иницијатива за оценување на уставноста. Таа ќе биде разгледана строго стручно, професионално и уставно, рече Кадриу.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...