СЈО бара затворска казна за Ивона Талевска

Специјалното јавно обвинителство поднесе жалба до Апелацискиот суд за пресудата за новинарката Ивона Талевска во случајот „Тифани“ за затајување на данок. Од СЈО бараат условната казна затвор на Талевска да и се преиначи во ефективна затворска казна.

- До Апелацискиот суд е поднесена жалба, односно се предлага обжалената пресуда да ја преиначи во ефективна затворска казна, како главна казна и повисока парична казна, како споредна казна. Исто така, за правното лице „Смарт“ групацијата да се осуди на повисока парична казна, потврдија СЈО.

Минатиот месец Кривичниот суд ја осуди Талевска со условна казна затвор од две години доколку во следните четири години не го повтори делото даночно затајување.

Со одлуката на судот Талевска во рок од еден месец треба да плати казна во висина од 1.000 евра, делот за трошоците за вештачењето, а во период од една година треба да го надомести затаениот данок, односно сумата што СЈО ја прецизираше во обвинителниот акт.

Талевска како управителка на друштвото за консалтинг „Смарт ДООЕЛ“ и на „Смарт груп ДООЕЛ Скопје“ од 2008 до 2014 година одбегнала да плати даноци, а во завршните сметки давала лажни податоци, при што затаила 2.314.463 денари или 37.634 евра преку фирмите и 1.040.840 денари или 16.924 евра личен данок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...