Две жени вработени во Владата на РМ вчера физички се пресметале на што претходела вербална расправија.
Како што соопшти МВР, во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во подрумските простории на Влада на Република Македонија, во пералните, М.Д. (34) и А.Н.(40), вработени во пералната односно во СОЗР, по меѓусебна вербална расправија физички се пресметале.
Од полицијата информираат дека се работи на расчистување на случајот.