Коѕијас: Верувам во чесни преговори, од кои двете страни ќе имаат придобивки

Треба да најдеме решение кое нема да понижи никого и ќе ги отвори вратите на иднината, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕзијас.

Димитров рече дека имале добри разговори во кои доминирало прашањето за разликите околу името и за градење на идните односи.

Заеднички интерес е да се најде решение за овој долгогодишен проблем. Прашањето трае долго, се обидуваме да градиме доверба и да ги отстраниме предрасудите кои се уште постојат. И од другата страна има желба за разговор и за изнаоѓање решение, кажа Димитров.
Најави дека следната недела ќе има нова средба со Коѕијас во Виена на која ќе биде и медијаторот Метју Нимиц.
Денеска направивме чекори да ги решиме проблемите, кои не ги создадовме ние, туку ги затекнавме. Должни сме да ги решиме и тоа ќе помогне за пријателството меѓу двата народа, за стабилноста и безбедноста и за развојот на двете држави и целиот регион, изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на прес конференцијата во МНР.

Тој потенцира дека верува во чесни преговори од кои во иднина и двете страни ќе добијат и двете страни ќе имаат придобивки, без победници или губтиници, Грција посакува компромис, додаде Коѕијас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...