Ниту во разговорите ниту во СМС пораките нема договарање на поткуп

На денешното двочасовно рочиште за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, без присуство на јавноста во Кривичниот суд беа преслушани сите разговори обезбедени со ПИ мерки и беа прочитани и СМС пораките.

По завршувањето на рочиштето Заев рече дека ниту во разговорите ниту пак во СМС пораките немало договарање на поткуп.

- Апсолутно нема ништо што е поврзано со обидите за да бидам осомничен како лице кое земало поткуп или правело напори да земе поткуп. Во сите овие разговори зборуваме со службеници од општина Струмица, како и со Иван Николов за да се забрзаат постапките, како течат постапките со сите процедури и конечната цел е да се заврши работата која што странката ја има пред општината, рече Заев.

Посочи дека знаел какви може да бидат разговорите и оти се е комплетно чисто.

- Комплетно е чисто. Јас и знаев какви може да бидат разговорите, заради тоа кога немате ништо ни помислено, не можат да бидат и други разговорите, додаде премиерот.
Прецизно во сите постапки и во сите телефонски разговори, како што рече, станува збор само за завршување на предметите.

- Доказ е дека одредени предмети веќе се завршени и во тој период никој не побарал ниту пари, ниту било што и тоа само по себе потврдува дека се работи за монтиран процес, истакна Заев
Адвокатите на Заев рекоа дека Апелацискиот суд се уште нема донесено одлука по жалбата на Обвинителството и не се знае дали јавноста ќе може да ја слуша и да ја види целосната снимка, чии делови веќе беа објавени на Јутуб и која е доказ во оваа постапка.

Следното рочиште за случајот „Поткуп“ е закажано за 30 април.

Зоран Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Се шетале две зрна песок низ пустина и едното му рекло на другото:
- Не се врти, мислам дека некој не следи.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...