Јанакиев: Го маваа Села по телото и главата, се обидов да го заштитам

Денешното судско рочиште за нападот врз пратеникот Зијадин Села на кое се сослушуваа сведоци заврши со сведочењето на Игор Јанакиев како сведок на обвинителството.

Главната расправа за овој случај ќе продолжи на 18 април.
На сведочењето, Јанакиев рече дека се обидел да го заштити Села од толпата народ. Истакна дека како вработен за обезбедување во МВР, на 27 април бил пред прес-центарот во Собранието и оти заедно со колегите се обиделе да ја спречат топлата да влезе внатре, но оти нивните обиди биле безуспешни.

Сведочеше дека не видел како Села бил оддалечен од другите пратеници, но оти видел како три до четири лица го влечат додека се уште бил на нозе. Потоа, веќе Села биле паднат на земја.

- Се пробив меѓу масата луѓе што го маваат и застанав кај неговата глава со цел да го заштитам. Тој се обидуваше колку може да се заштити со рацете на главата, рече Јанакиев, додавајќи дека најмногу го удирале Села со нога по телото и главата.

Според Јанакиев, по некое време Села престанал да се заштитува и да мрда со рацете и како да не давал знаци на живот.

Во своето сведочење, Јанакиев посочи дека не се сеќава на изгледот на лицата што го носеле Села пред да падне и оти не не се сеќава на ниту едно лице што го удирало, бидејќи со главата бил свртен кон него за да го заштити. Додаде дека никој не го попречил во одбраната на Села и оти не знае кои биле лицата што го изнеле Села надвор од прес-салата откако се онесвестил.

Пред Јанакиев, денеска сведочеа и пратеникот Мухамед Зеќири и полицаецот Абдулфетах Аљими.
Во овој случај обвинети се Кире и Цеко Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат виновни и оти тоа ќе го докажат во натамошната постапка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...