Димитров: Нема да му вратам на Дачиќ за изјавата за Македонија

 Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров во интервјуто за белградската ТВ Н1 за време на неговата посета во Белград, изјави дека нема да му врати на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за неговата изјава од минатата недела на прес-конференцијата со Никос Коѕијас, дека е грешка што Србија ја признала Македонија под уставното име.

- Мислам дека таквите изјави не помагаат особено. Ние сме министри на две земји, ги претставуваме двата народа, блиски народи. Имаме заедничка историја во Југославија, ќе бидеме заедно, се надевам во не толку далечна иднина во Европската унија и на некој начин нашата блискост не може ништо да ја расипе. Но, од нас зависи дали ќе има „пецкање“ и повремено „боцкање“ или ќе бидеме како браќа, рече Димитров.

Одговарајќи на прашањето за Косово, Димитров кажа дека Македонија во спорот меѓу Белград и Приштина не може да биде голем играч.

- Ја делиме границата и во интерес ни е овој проблем да се реши на најдобар можен начин и за двете страни во разговорите во кои посредуваат Брисел и Федерика Могерини. Ние имаме доволно свои проблеми и не би сакал да бидеме колатерална штета на оваа динамика, рече Димитров за ТВ Н1.

Целото интервјуто на Никола Димитров за ТВ Н1-која е партнер на Си Ен Ен за Србија, Хрватска и БиХ, а кое македонскиот министер за надворешни работи го даде за време на неговата посета на Белград на конференцијата на Европскиот фонд за Балканот, ќе биде емитувано во вторник во емисијата „Нов ден“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...