Спасовски: Приведен Фејзи Азири, се трага по Демири и Исмаиловиќ

Случајот со апсењето на Фејзи Азири еден од обвинетите во „Монструм“ е целосно расчистен и тоа воопшто не е задоцнето, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

- Апсењето на Фејхи Азири не беше воопшто доцна. Во моментот кога е пронајдено лицето, стражарно е обезбедено на Клиниката за пулмологија. Ние во истиот момент не можеме практично да ги информираме сите медиуми, после тоа ги известивме медиумите и го известивме затворот кој што распиша потерница или барање за нивно приведување. Во тој дел случајот е сосема расчистен, рече Спасовски во изјава за новинарите по промоцијсата на Програмата на одделот за внатрешна контрола, криминализтички истраги и професионални стандарди при МВР - „Јакнење на интегритетот на полициските службеници“.

Во однос на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство, а се исто така меѓу обвинетите за „Монструм“, Спасовски рече дека имаат одредени информации, но не можат да ги споделат во јавноста.

- Службите во МВР задолжени за овие случаи ги анализираат, ги правиме проверките и секако кога ќе дојдеме до релевантен податок ќе можеме да реализираме каква било акција, рече министерот за внатрешни работи.
МВР порано денеска објави дека вчера во 16.30 часот од страна на полициските службеници од Единицата за Потраги при СВР Скопје во Клинички центар „Мајка Тереза“ на Одделот за пулмологија е пронајден и приведен Ф.А.(60) од Скопје.

Азири се барал по потерница од Казнено поправна установа „Затвор Штип“ за доиздржување казна затвор од шест години и четири месеци за сторено кривично дело „Недозволено држење на оружје или распрскувачки материјали“.

Поради отсуството на Азири, вчера беше одложено рочиштето за „Монструм“, прво откако предметот го презеде СЈО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...