Чистата препорака резултат на напорите на Владата, но и на соработката на опозицијата

Чистата препорака на Европската комисија е резултат на напорите на Владата, но и на соработката на опозицијата, истакна високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могеринии денеска во обраќањето пред пратениците во македонското Собрание, која изрази задоволство што опозицијата се врати во законодавнотот тело.

- Вие ја споделувате обврската за иднината на своите граѓани. Владата има одговорност да и отвори простор на опозицијата за целокупна вклученост, а опозицијата има одговорност да се вклучи во целата оваа работа. Имате одговорност да ги идентификувате националните интереси и приоритети на вашата земја, имате колективна одговорност да соработувате во институциите за да постигнете резултати во националните приоритети, им порача Могерини на македонските пратеници.

Додаде дека Македонија се вратила патот кон Европската унија и тоа е местото на кое земјата треба да се наоѓа.
- Кога ќе се сетам што се случувше тука, во Собранието пред една година и што се случува сега можам да кажам дека поминавте долг пат. Позитивно е што се вративте на патот, ја поминавте најлошата политичка и институционална криза, со која некогаш сте се соочиле.

Препораката е големо достигнување за сите во земјата и таа е пред се достигнување кое се постигна благодарение на одлучноста на секој граѓанин на оваа земја, рече Могерини.
Ги пофали досегашните реформи, усвојувањето на законите во важните области, но повтори оти сега е потребно земјата да се фокусира на нивната имплементација.
Изрази уверување дека преговорите со Грција ќе доведат до решение за спорот за имет, кое ќе ги задоволи двете страни и ќе биде основа за идната обединетост на европскиот континент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...