БЕСА на Гаши, ДПА и Сојузот на Ромите влегуваат во Владата

Нови коалициски партнери во Владата ќе бидат БЕСА на Африм Гаши, ДПА и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам.

- Имаме постигнато договор со БЕСА на пратеникот Африм Гаши, со ДПА и со Сојузот на Ромите на Амди Бајрам, кој делуваше независно во изминативе месеци, изјави премиерот Зоран Заев по денешното судење за „Поткуп“.
Тој додаде дека дека Бајрам нема да добие министерски места, туку други позиции.

Заев рче дека продолжуваат разговароте и со други субјекти, но не сакаше да споменува имиња бидејќи за тоа треба да одлучуваат органите и телата на политичките партии.

- Штом тоа ќе биде готово ќе се соопшти веројатно од самите партии кои ги номинираат кандидатите. Јас разговарав за кандидатите и мене ми е важно за какви личности се работи на што посветувам сериозно внимание, рече Заев.

Во контекст на тоа посочи дека до крајот на неделата ќе ги формализира и ќе ги достави предлозите до Собранието.
- При крајот на мај со новиот владин состав ќе разговараме за подолните ешалони, за директорски, заменички директорски места, подрачни единици и слично во функција на преземање на одговорноста на сите сегашни и нови партиципиенти на власта, истакна Заев.
Одговарајќи на новинарско пршање, Заев рече дека Мендух Тачи нема да биде член на Владата.

- Доверба е релативна работа, јас зборувам за имиња и презимиња кои ќе учествуваат во Владата. Тоа е призмата низ која се обидуваме да разговараме. Можам само да кажам дека Мендух Тачи нема да биде член на Владата, рече Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...