Коѕијас: САД многу се интересираат за решение

Американската администрација не врши притисок, туку се интересира за решение кон кое водат преговорите за името и кои се потешките точки, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕјас на брифинг со грчките дописници во САД.

Министерот за надворешни работи на Грција, вчера се сретна со советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон, а состанокот траел двојно повеќе од предвиденото. И Болтон и Помпео, како што рече Коѕијас, ги слушнале грчките позиции, како за регионот, Блискиот исток, така и за односите на Грција со Турција и разговорите за името, за кои разговарал со помошниот државен секретар Вес Мичел.

-Во скопското прашање немаме никаков притисок, ниту некој има намера да не притиска. Никогаш нема да дозволиме да нѐ притискаат. Но, многу се интересираат за решение и се обидуваат да разберат каде се наоѓаат преговорите и кои се тешките точки, рече Коѕијас и додаде дека искуството покажало дека кога се преземаат иницијативи, тогаш никој не може да се меша.

Министерот за надворешни работи на Грција, потенцираше дека во однос на Скопје е во континуирана консултација и соработка со грчкиот премиер со кој имаат совпаѓање на ставовите.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во пресрет на новата рунда разговори во Њујорк утре и задутре, шефот на грчката дипломатија рече дека паралелно со главните преговори, ќе одржат состанок техничките групи, а ги спомена и двата текста, едниот од грчка страна, другиот од медијаторот, кои ги содржат точките за кои што се водат преговорите.

-Да знаете дека имаме напишано голем текст, Грција го направи. Овој текст, заедно со правниот текст направен од Нимиц ги презедовме и ги интегриравме во еден текст, во кој вториот дел се однесува на идната соработка на Грција и ПЈРМ, односно перспективата во прашањата за образованието, истражувањата итн. Првиот дел се однесува на прашања што се поврзуваат со името, пред сѐ со прашањата за иредентизмот, со кои треба да завршиме, како и поглавјето за признавање на сите меѓународни правни реалности, границите, неповредливоста на границите, дека од ниедна страна не може да се води пропаганда или да се дава простор за пропаганда од едната против другата страна итн, рече Коѕијас од САД, во брифингот за грчките новинари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си бил Мали Ѓокица и зборувал многу безобразно (срамотно). Еден ден тој оди во училиште, а учителката ги свикала девојчињата од класот и им вели: - Девојчиња! Ако слушнете Мали...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На...
Верски календар
На денешен ден
1534.- Шпанскиот благородник Ињацио Лојола во...
1896.- На Алјаска, најсеверниот дел на САД е...
1914.- Британскиот експедиционен корпус се...
1926.- Во американската метропола на филмот,...