Ципрас утре ќе го извести парламентот за договорот со Македонија

- За постигнатиот договор со Македонија, утре наутро во 10 часот по локално време, грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе го извести грчкиот парламент на седница закажана по негово барање.



Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ципрас достави барање до претседателот на парламентот, Никос Вуцис, да го активира конкретниот член (142А) од деловникот за работа на парламентот што се однесува на „навремено и одговорно известување и информирање на парламентот од владата преку парламентот“.

Останува отворено прашањето дали ќе се остварат предвидувањата во медиумите и ќе се потврдат информациите во новинарските кругови, дека опозициската Нова демократија ќе достави предлог за гласање недоверба на владата.

Во Грција во игра се две сценарија, едното, предлогот да биде доставен денеска, веднаш по завршувањето на расправата и гласањето на новиот нацрт закон што се однесува на среднорочната рамка за финансиската стратегија за периодот 2019-2022 или во петок кога можеби ќе се одржи расправа за договорот.

Според другото, лидерот на опозициската Нова демократија, Кирајакос Мицотакис, тоа би го сторил утре за време на расправата за договорот.

Правилникот за работа на парламентот предвидува, во случај на барање да се гласа недоверба на владата, веднаш по доставеното барање се прекинува било која седница што е во тек и почнува расправата за недовербата. Седницата трае најмногу 3 дена по што следи и гласањето на пратениците.

Со оглед на тоа дека сe погласни се шпекулациите во Грција дека договорот ќе се потпише викендов во Преспа, за да не се создадат проблеми и одложување на потпишувањето, поради гласањето недоверба, според грчките медиум владата би можело да побара процесот да се скрати и наместо три дена да заврши порано.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...