Договорот потпишан, Македонија и Грција ставија крај на 27-годишниот спор

Псарадес, 17 јуни 2018 (МИА) – Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Псарадес ги ставија своите потписи на договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, јави известувачот на МИА.



Со договорот е предвидено ерга омнес име за земјава, Република Северна Македонија.

На свечената церемонија, во чие подготвување беа вклучени повеќето жители на ова мало рибарско место од грчката страна на Преспанското Езеро, присуствуваат и високи претставници на меѓународната заедница, медијаторот на Обединетите нации во решавање на спорот, Метју Нимиц, чија кариера меѓу другото ја одбележа посредувањето меѓу Македонија и Грција во обидите да се изнајде решение.

Тука се и потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и заменик-претседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, како и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.



Во македонската делегација освен премиерот Заев и шефот на дипломатијата Димитров, се и вицепремиерите - министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, министерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Церемонијата се одвива под зајакнати мерки за безбедност, а на неа присуствуваат голем број новинари, од Македонија, Грција, но и од други земји.

По потпишувањето, официјалната средба на двете делегации ќе продолжи на македонска страна на Преспа, во Отешево, каде што ќе има билатерален разговор и свечен ручек.

Потпишување на македонско-грчкиот договор

Проследете го во живо потпишувањето на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство.

Posted by Zoran Zaev on Sunday, June 17, 2018



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...