Заев: Со Договорот со Грција е затворено и последното прашање на патот кон ЕУ и НАТО

Скопје, 19 јуни 2018 (МИА) - По Договорот со Бугарија, постигнат е достоинствен договор и со Грција, со што е затворено и последното прашање кое стои на патот на Македонија во евроатлантските аспирации, рече денеска премиерот Зоран Заев на средбата со делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за постмониторинг дијалог со Република Македонија, предводена од ко-известителите Лиза Кристоферсен и Валериу Гилечи.

- Граѓаните ќе го дадат последниот збор на референдум во врска со Договорот со Грција, но очекувам општествена свест и сите да застанеме зад развојот на Македонија и да продолжиме уште поактивно да ја движиме државата напред, истакна премиерот.

Според него, добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ ќе биде мотив повеќе во енергичниот реформски пристап на Владата, која во овој процес ги вклучува активно и сите други општествени и политички чинители.
Од Кабинетот на премиерот соопштија дека на средбата се разговарало за реформите во судството, почитувањето на законите, демократијата и човековите права, за измените во Изборниот законик, како и за потребната зрелост од сите политички субјекти во државата за носење одлуки во интерес на натамошните перспективи и стабилноста на Македонија.

Претставниците на Парламентарното собрание на СЕ даваат поддршка на евроинтеграциските процеси на Македонија и на напредокот на државава.

- Македонија е на добар пат во реализацијата на своите стратешки цели, интеграциите во ЕУ и во НАТО и подобар живот на граѓаните на економски план. Ги спроведуваме посветено потребните реформи во земјата низ инклузивни политики и водиме политики на добрососедство, што ги отворија перспективите на нашата држава, оценил премиерот Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...