Заев: Имаме историска шанса што не треба да ја пропуштиме

Договорот го означува почетокот на крајот на неизвесноста за Македонија и преставува достоинствено и прифатливо решение за двете страни, со кое засекогаш се потврдува македонскиот идентитет и јазик, истакна премиерот Зоран Заев на почетокот на денешната собраниска седница на која треба биде ратификуван договорот со Грција.



- Имаме договор со јасно обележје на нашиот македонски идентитет, на нашиот македонски јазик, за век и векови. Никому ништо не сме му подариле ниту некој ни земал нешто кога се договоривме за географска одрeдница. Ова е храбар чекор во интерес на иднината на граѓаните и нашите деца, за спокојна иднина. Да ги отфрлиме манипулациите и изолацијата и да му понудиме шанса на договорот, рече Заев.

Нагласи дека договорот е поддржан од сите меѓународни партнери, ги отвора портите на Македонија кон европска иднина. Заев очекува датум за преговори од Советот на ЕУ до крајот на месецов, со што, како што посочи, сонот станува реалност.

Повика на обединување во интерес на заедничката иднина.

- Наместо со горчина и гнев, заедно да ги испишуваме идните страници, да ги поведеме граѓаните кон заедничка просперитетна Македонија по примерот на напредните европски земји. Европското семејство не прифаќа како Македонци. Добиваме уште еден пријател и стратешки партнер, ја гарантираме стабилноста и безбедноста на Македонија, го отвораме патот кон ЕУ и НАТО. Се остварува стремежот на предците да бидеме признаени од сите како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Ова е историски чин со која Македонија и граѓаните добиваат шанса, истакна премиерот Зоран Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...