Коѕијас: ЕУ треба да го исполни ветувањето за Северна Македонија и Албанија

Според нашето мислење, од моментот кога Европската комисија го постави ова лето како хоризонт за почеток на формалните преговори со Северна Македонија и Албанија, ќе треба да го исполниме ветувањето, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за EURACTIV.com.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија упатува апел до сите да сфатат дека постојат проблеми со двете земји, но проблемите можат поефективно да се решат преку мониторинг и скрининг.

- Им кажав на моите колеги дека можат да бидат колку што сакаат строги. Но, ние мора да не ја блокираме перспективата. Се плашам дека ако не се даде датум за пристапни преговори за Северна Македонија, сите напори што ги направивме со големи жртви и компромиси од двете страни, би можеле да бидат ставени во опасност, вели Коѕијас во интервјуто.

Нагласува дека „ако некои земји имаат проблеми со Северна Македонија и Албанија, требале порано да ги споменат“.
- Сега, го имаме извештајот на Комисијата и предлог да разгледаме отворање на преговори. Сега стигнавме до таа точка и треба да го сториме тоа. Европа мора да си го одржи зборот, додава Коѕијас.

Во однос на земјите што се против, Македонија и Албанија да започнат пристапни преговори, шефот на грчката дипломатија вели дека на почетокот биле Данска, Белгија, Холандија и Франција, но имало несогласувања и во германската коалициска влада.

- Поентата е Франција да се согласи со Германија за да се избегне дестабилизација на Балканот, вели Коѕијас.
Во однос на Договорот со Македонија, шефот на грчката дипломатија потенцира дека тоа била „најдобрата вест во Европа во последните пет години“, додека пак за реакциите од опозициските партии во двете земји го повторува неговиот став дека „ВМРО работи како огранок на Нова демократија во Скопје и обратно“.

Коѕијас објаснува дека сега веќе постои една друга линија за поделба во двете земји. Наместо досегашната поделба меѓу Скопје и Атина, има поделба на оние што сакаат и оние кои што се против решение.

- Верувам дека Заев нема да подлегне на притисоците. Тој е многу поотпорен отколку што изгледа на прв поглед, вели Коѕијас, прашан за тоа дали владата на Заев ќе ги издржи притисоците во земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...