Нема да дозволам договорот да помине во Парламентот со 151 пратеник

Оваа влада има рок на траење до септември 2019, рече грчкиот министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, повторувајќи ја неговата позиција дека нема да дозволи Договорот да помине во грчкиот Парламент со 151 глас. Тој уште еднаш истакна дека за решението со Македонија потребно е зголемено парламентарно мнозинство од 180 пратеници, а во спротивно, зборот ќе го има грчкиот народ.

Каменос во интервју за грчката телевизија „Антена“ изрази убеденост дека Договорот нема да помине во кај нас.
- За овој договор да дојде за ратификација во Парламентот треба да се направат доста чекори. Прво избори во Скопје, затоа што треба да се смени претседателот, да си избере нов претседател, потоа референдум, по референдумот да има мнозинство во собранието, што ќе ги изгласа уставите промени, да се направат уставни промени. Ова според мене ќе трае над две години, рече Каменос, додавајќи дека тој лично не верува дека Албанците „ќе прифатат дека се граѓани на една чиста словенска држава“. Како втор аргумент го спомена ставот на претседателот Иванов.

Каменос во интервјуто рече дека владиниот портпарол со вчерашното соопштение од кабинетот на Ципрас ја оставил отворена можноста за зголемено мнозинство,јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на претстојниот Самит на НАТО во Брисел, на кој од грчка страна ќе присуствуваат Каменос, Коѕијас и Ципрас, лидерот на Независни Грци рече дека поканата нема да има никаква тежина.

- Поканата од НАТО за Скопје беше одобрена на самитот во Вашингтон во 1999-та, за време на владата на Симитис. Поканата, што врз основа на договорот ќе се даде по коминике од Столтенберг, како услови ќе ги стави предвидените процедури, односно, избори, референдум и уставни промени. Односно оваа покана нема да има никаква тежина и нема да промени ништо во однос на она што се случи во Букурешт или во 1999, објасни Каменос.
Запрашан за тоа што ќе направи доколку на Самитот на НАТО на 11 јули биде повикан да ја потпише поканата за членство на Македонија во Северноатлантската алијанса, Каменос рече дека никој нема да биде повикан да потпише нешто, ниту тој, ниту Коѕијас, ниту Ципрас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се качува Трпе на воз,влегува
во купето и гледа пет црнци:
-Овде нешто изгорело???
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема...
Верски календар
На денешен ден
1453.- Во битката кај Кастиона Французите ги...
1762.- Убиен е рускиот цар од германско потекло...
1790.- Во Единбург умре Адам Смит, најпознат...
1821.- Шпанија се откажа од Флорида во корист на...