Ангеловски: Напаѓачите на починатото момче ќе одговараат!

Насилникот е насилник, без разлика на неговата етничка припадност, во државата постојат закони, функционира правната државата и одговорните за нападот врз Никола Саздовски (21), кој изутрината почина во комплекс клиниките „Мајка Тереза“ ќе одговараат пред законот.

Ова го порача на денешната прес-конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во врска со нападот врз Саздовски , кој се случи на 29 јуни од страна на три машки лица на автобуска постојка на булеварот „Александар Македонски“.

На прашањето дали случајот има етничка позадина Ангеловски упати апел да се прекине со таквите практики на гледање на нештата.

- Ќе ве замолам да не гледате етничка позадина, која многу често се користеше во минатото. Насилникот е насилник, ќе одговара, постојат закони, правната држава функционира, осомничените веќе се во притвор, рече Ангеловски, кој изрази сочувство за починатиот до неговото семејство од негово име и од името на МВР.

Нагласи дека МВР експресно го расчистило случајот и сторители се приведени и одредена им е мерка притвор.

- Апелирам уште еднаш и до дел од неодговорните портали, кои шират дезинформации и лажни вести да не го прават тоа, додаде портпаролот на МВР.



Потсети дека на 29 јуни на автобуска постојка на булеварот „Александар Македонски“ три лица на возраст од 19, 20 и 21 година го нападнале Н.С., по што тој е пренесен во Ургентниот центар.

На 2 јули, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „насилство“. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода. Ангеловски изјави дека по третопријавениот се трага.

Тој додаде дека целокупниот материјал и сите докази се доставени до надлежното јавно обвинителство, ОЈО-Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...