Османи: Гледам светло отсега па натаму и за државата и за граѓаните

Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи од седиштето на НАТО во Брисел преку видео порака ги искажа своите очекувања од Самитот на Алијансата на кој Македонија треба да добие покана за членство.

- Денеска е историски ден. Ден што го очекувавме целата моја генерација и генерациите пред мене. Денеска затвораме едно поглавје од општествениот, државниот развој на РМ. Ние почнуваме ново и апсолутно и процесот веќе станува неповратен и за НАТО и за ЕУ. Тоа се комплементарни потези каде што условите се речиси исти за членството, вели Османи во видео пораката.

Тој додаде дека е направено многу во овој период и во делот на реформите, како План 3-6-9, и во делот на решавање на сензитивните политички прашања, така што, оценува, денеска се отвора иднината за РМ и во делот на НАТО и во делот на ЕУ, меѓутоа особено за перспективите што овие две организации ги нудат во смисла на стабилност, во смисла на сигурност, во смисла на странски инвестиции, во смисла на нови работни места, на подобар животен стандард, за останување на младите овде, за поквалитетно образование, за поквалитетно здравство.

- Не претерувам ако кажам дека денеска се дели историјата на Македонија на тоа досега и отсега, па натаму. Гледам светло отсега па натаму и за државата и за граѓаните, истакнува Османи.

Тој појасни дека рамката за реформи е поставена уште со Планот 3-6-9, кога се утврдени приоритетите, донесени се стратегиите, подготвени се акциските планови со временски календар за усвојување на тие и оти сега почнува имплементација на тој процес.

- Нормално, истакнува, ќе претходи скрин. Скрин значи утврдување што се одредниците што треба да ги постигнеме и до каде сме ние во моментов за да го процениме просторот што треба да го исполниме со реформи и мерки. Откако ќе го констатираме прецизно тој простор што треба да се имплементира и исполни веќе почнуваме со процес на имплементација. Така што ќе биде сега еден динамичен период, многу работа, многу луѓе ќе треба да бидат многу ангажирани.

Според Османи ова не е процес што е ексклузивна обврска на Владата.

- Веќе, вели во видео пораката, од денеска сите граѓани ќе треба да се мобилизираат. Веќе таа енергија ќе ги мобилизира сама по себе и граѓаните, сите општествени слоеви за да се стават во функција на иднината што од денеска веќе ја гледаме и ја создаваме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...