„Не летај, летувај“кампања за намалување на сообраќајните незгоди

Едукација и подигнување на свеста за безбедно и одговорно патување во текот на летото и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во нив е целта на едукативната кампања „Не летај, летувај“, што ќе се реализира во следните два месеци од страна на Министерството за внатрешни работи и Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).



- Деновите наменети за летен одмор, во Македонија и во светски рамки се познати како најфатални денови на патиштата кога бројот на сообраќајни незгоди со фатални последици драстично се зголемува. Како одговор на оваа загрижувачка појава и на црната статистика, светските организации секоја година ја реализираат кампањата „100 Deadliest Days of Summer“, велат од РСБСП.

Според статистиката во текот на месеците јули и август, во Македонија, минатата година се случиле 39 сообраќајни незгоди во кои загинале вкупно 47 лица, а во 826 сообраќајни незгоди потешко се повредени вкупно 1.333 лица.

- Тоа е причина и мотив, токму во овој период, возачите и сите останати учесници во сообраќајот дополнително да се едуцираат за правилата и прописите, односно за начинот безбедно и одговорно да стигнат до посакуваната дестинација, се наведува во соопштението од РСБСП.

Кампањата ќе се реализира во текот на месеците јули и август и овој период РСБСП и МВР со координирани акции ќе бидат често присутни во јавноста и на терен. Едукативните активности и едукативните материјали ќе бидат изготвени на македонски и англиски јазик и покрај домашните возачи ќе бидат опфатени и туристите, како и возачите кои транзитираат низ Македонија.

- Наша цел како Министерство за внатрешни работи не е само репресија, туку и превентивно дејствување преку едукација и подигање на свеста и во таа насока заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во наредниот период ќе реализираме повеќе едукативни акции за одговорно учество во сообраќајот, потенцираат од МВР.

Ова лето ќе се реализираат бројни сообраќајно-едукативни активности, односно ќе биде организирана акција за дистрибуција на едукативни материјали на влезните гранични премини во Република Македонија, ќе биде поставено скршено возило од сообраќајни незгоди на јавни места со пораки за потсетување на последиците од сообраќајните незгоди, ќе бидат организирани мобилни пунктови за делење вода и едукативни материјали долж коридорот 8 и 10, ќе бидат организирани едукативни акции по угостителски објекти и многу други активности со цел подигање на свеста за побезбеден сообраќај.

- Летото е време за одмор и релаксација, но за жал статистиката потврдува дека летниот период многу семејства остануваат без своите најблиски, односно многу животи се загубени на патиштата поради грешки или поради неодговорно учество во сообраќајот. Пораката на РСБСП до возачите е „Ова лето, не летај - летувај!“, се наведува во соопштението.

МВР и РСБСП апелираат до сите учесници во сообраќајот да внимаваат на високите температури и на техничката исправност на возилото, да возат одморени и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...