Намалени патните трошоци на пратениците

Пратениците ќе добиваат понизок износ на патни трошоци, со измените на Законот за пратеници, што денеска беа изгласани во Собранието со 76 гласа „за“ и еден „воздржан“.



Со законските измени наместо досега утврдените до 30 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи, пратениците ќе добиваат надомест до 20 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи.

Согласно измените на Законот, на пратениците им се овозможува и надомест за закупнина на стан во Скопје. Конкретно, на пратениците кои живеат подалеку од 100 километри од Собранието, им се остава и можноста за закуп на стан, со право на надомест за само четири патувања месечно од и до нивното место на живеење, за да може да контактираат со гласачите.

Пред гласањето, пратеничката Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека и со измените и дополнувањата на Законот повторно се злоупотребува европското знаменце, но додаде дека пратениците од нејзината пратеничка група ќе го поддржат бидејќи им биле прифатени амандманите со кои, како што кажа, се излегува во пресрет на такси превозниците. Во реплика Диме Велковски од СДСМ наведе дека со измените само се врши усогласување со европската легислатива.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...