-Амнестија за судските постапки што се водат, а кои произлегоа по објавувањето на прислушуваните разговори, нема да има. Ова го изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
- Не постои никаква можност за амнестија, директна или индиректна, за случаите за кои се води постапка, а кои произлегоа од објавените „бомби“, рече Бошњаковски на денешната прес-конференција во Владата.