Се уште нема официјални информации за убиениот македонски државјанин

МНР се уште нема добиено официјална потврда од авганистанските власти во врска со веста дека македонски државјанин е киднапиран и убиен на територија на Авганистан, изјавија од Министерство за МИА.



Од МНР нагласија дека вчера веднаш по веста испратиле барање за официјална информација до авганистанските институции и оти по добивање на официјална информација од властите во таа земја, согласно законските процедури, ќе го известат Министерството за внатрешни работи.

Странски медиуми вчера претпладнето јавија дека три лица, од Македонија, Малезија и Индија, се киднапирани и убиени во главниот град на Авганистан, Кабул. Според портпаролот на началникот на полицијата во Кабул Хашмат Станекаи, нивните тела се пронајдени, а до нив биле и нивните лични карти. Портпаролот прецизира дека тројцата работеле во втората по големина компанија за храна и кетеринг во светот Содексо.

Компанијата „Содексо“, за која работел убиениот Македонец и неговите колеги кои го изгубија животот во атентат во Кабул, вчера изрази сочувство преку соопштение до јавноста.

- Претседателот на компанијата Денис Машуел ја изрази својата „длабока тага и шокираност за оваа трагична загуба“, стои во соопштението.

Тројцата убиени во нападот во Кабул се со македонско, малезиско и индиско државјанство и тројцата работеле за „Содексо“, втора по големина компанија за кетеринг во светот.

Тие биле киднапирани, а потоа егзекутирани од за сега непозната група. Авганистанските власти веруваат дека станува збор за терористички атентат, иако ниедна група за сега не презела одговорност за убиствата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...