Јакимовски на распит во Кривичен суд

Поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски, по извршениот претрес во неколку објекти на неговото семејство од страна на Финансиската полиција, ноќеска е однесен на распит кај судија на претходно постапка во Кривичниот суд.

Од Судот засега нема официјални информации за епилогот од распитот. Нема потврда ниту за информацијата што ја објавија дел од медиумите, дека е побаран притвор за Јакимовски

Финансиската полиција вчера попладне изврши претрес во неколку објекти на семејството Јакимовски. Од Финансиската полицијата најавија дека денеска ќе соопштаат повеќе информации за акцијата.

Јакимовски, пак, во изјава за медиумите рече дека ова е поврзано со наводни малверзации со три тендери, од кои два за општинската барака и една за плоштадот во Жданец, односно тоа што општината не ги активирала банкарските гаранции, иако ангажираната фирма не ги исполнила одредбите од договорот и договорот бил раскинат.

Според него, станува збор за техничка грешка на општинските служби, а ова е политичка одмазда против него.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...