Бранувања по Викиликс објавата дека „Република Северна Македонија“ била прифатлива и во 2008 година

Викиликс вчера објави доверлив документ на Американската амбасада во Скопје од 29 јули 2008 година под наслов „Што треба Македонците да направат за да го решат спорот за името“, изработен од тогашната амбасадорка Џилијан Миловановиќ. Според документот, во 2008 година Македонија дала согласност за промена на уставното име во „Република Северна Македонија“ во сите меѓународни организации под услов тоа да вклучува признавање на македонскиот јазик и националноста.

Во првиот дел од документот се споменува дека Миловановиќ своите заклучоци ги претставила по разговорите со тогашниот претседател и премиер на Република Македонија, Бранко Црвенковски и Никола Груевски, и дека условите биле прифатливи за земјата. Националноста и јазикот, исто така, требало да ја имаат придавката „македонски“, но во вид на некој анекс или интерен документ во ОН што нема да биде предмет на одобрување од грчката страна.

За премиерот Зоран Заев документот на „Викиликс“ е причина повеќе да се излезе на референдум.
- Верувам дека ваквите докази кои излегуваат во јавноста ќе бидат уште една причина да застанеме заедно сите и да и обезбедиме и осигураме добра иднина на Македонија, рече вчера Заев.

Додаде дека многу влади се труделе да изнајдат решение и оти и претходната влада се обидувала да најде решение.
- Знаете дека ги поседував разговорите кои сега се кај СЈО. Многу влади се труделе да изнајдат решение и претходната влада се трудела. Дел од решението во делот на името и неговата севкупна употреба или како што се нарекува „ерга омнес“ било прифатено и во делот на Северна и во делот на Горна Македонија и драго ми е што ние добивме потврда на целокупниот наш идентитет - македонскиот јазик која што беше важна цел поставена на преговарачкиот тим, рече Заев.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, пак, како „јалови обиди на власта“ и „глупости“ ги оцени информациите објавени од Викиликс.

- Ова се јалови обиди на власта, и веројатно ќе има уште многу вакви. Тие се сега во кампања и ќе се изнаслушаме разни глупости. Јасно е зошто сум во суд и зошто ми се случува овој класичен политички прогон и тортура. Ако се согласев со Грците друга ќе беше песната, ја сум човек со принципи и достонство, рече вчера Груевски.

Документот од Викиликс во Грција предизвика и препукувања меѓу лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис и министерот за надворешни работи Никос Коѕијас.

Претседателот на Нова демократија ја обвини актуелната грчка Влада дека „ги задоволила долгогодишните барања на Скопје“, а шефот на грчката дипломатија коментира дека Груевски се преправал дека сака решение.

- Она што денеска беше откриено од Викиликс дека Скопје уште од 2008 бараше земјата да се нарече „Северна Македонија“, а жителите „Македонци“ кои говорат наводно „македонски“ јазик, го потврдува на најтрагичен начин, она што го истакнувам сите овие месеци. Дека господата Ципрас, Каменос и Коѕијас сакаа да го покажат, наводно како нивен успех мошне штетниот договор за Грција, бидејќи го задоволија сето она што со години го бараше Скопје, а го отфрлаа сите претходни влади, соопштува Кирјакос Мицотакис и уште еднаш повторува дека Нова демократија нема да го ратификува договорот.

На претседателот на најголемата грчка опозициска партија, експресно, преку соопштение му одговори министерот за надворешни работи на Грција, Коѕијас.
- Познато е дека господниот Груевски не сакаше никакво решение во прашањето за името. За да го прелаже меѓународниот фактор се преправаше дека неопходно прифаќа компромис. Никој не му веруваше. Освен, Мицотакис, кој отпосле поверува. Оваа претстава на Груевски ја наградува Нова демократија, рече Коѕијас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...