Мицкоски: Референдумското прашање создава забуна кај граѓаните

За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив договорот со Грција и со него дополнително државата се става во незавидна ситуација, а референдумското прашање се користи од власта за создавање на свесна забуна кај граѓаните.



Ваква порака му пренел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој е во посета на Македонија.

На средбата, како што соопшти прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рекол дека целокупниот процес на преговарање се одвивал нетранспарентно и опозицијата не била консултирана, а договорот не ги одразува државните и национални интереси на Република Македонија.

- За ВМРО-ДПМНЕ повеќезначното референдумско прашање се користи од власта за создавање на свесна забуна кај граѓаните со цел да се прикрие вистинската содржина за што реално треба да се одлучи, а тоа е договорот со Грција, се наведува во соопштението.

Мицковски посочил дека за нив членството во ЕУ и НАТО претставува стратешки државен интерес и оти се отворени за понатамошна соработка со Австриската народна партија како сестринска партија во рамки на Европската народна партија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зошто горилата имаат големи ноздрви?
- Зашто имаат дебели прсти.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Од денес, 15 ноември, стапува на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15...
Верски календар
На денешен ден
42.п.н.е.- Роден е римскиот цар Тибериј, посинок...
1095. - На црковниот собир Клермон, во Франција,...
1272.- Умре англискиот крал Хенри III, кој стапи...
1797.- Умре прускиот крал Фридрих Вилхелм II кој...