Мицкоски: Секој граѓанин да постапи според сопственото убедување

Донесовме одлука секој граѓанин на референдумот да постапи според сопственото убедување, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски на прес-конференција доцна вечерва по неколкучасовните состаноци на Извршниот и Централниот комитет на опозициската партија.

Одлуката, рече, е донесена по консултациите со граѓаните и различните мислења кои постојат меѓу народот - за апстиненција или да се гласа против, но и оние, како што рече, помалку на број, кои сметаат дека треба да се поддржи.
- Секоја индивидуа со сопствениот морал и совест ќе донесе одлука која смета дека е најдобра, пред се, за своето семејство, и за нашата мила Македонија. Македонија ни е се. Нема партиите да одлучуваат. За национално прашање ќе одлучи нацијата и на нејзината одлука сите ние ќе се поклониме, посочи Мицкоски.

Нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ, со Договорот за името Македонија е на крстопат и дека тој не е исчекор, туку бездна, а со негово прифаќање се губат досега стекнатите позиции во преговорите - Резолуцијата на ОН, Времената спогодба и Хашката пресуда.

Го повтори ставот на партијата дека со Договорот се менува Уставот, институционалниот идентитет како клучен сегмент од националниот идентитет, патните исправи, личните документи. Се прифаќа, рече, Комисија за разгледување и ревидирање на културата и традицијата што, додаде, „ќе отвори пат во иднина кога ќе поскаа јужниот сосед да ги блокира евроатлантските интеграции на државата“.

За тешката и деликатната ситуација во која, како што рече, се наоѓа Македонија, одговорни се неодговорните политичари во власта.
- Сега Македонија е скап авион даден во рацете на адолесценти, рече Мицкоски, прозивајќи ја Владата и премиерот Заев за нереализирани ветувања во изминатата година и половина, дефокусирање и лажна надеж со слоганите за референдумот.

Посочи и дека со повеќезначното и манипулативно прашање граѓаните се доведуваат во забуна, зашто прашањето не се однесува на суштината - менувањето на името на дражава. Притоа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е за членство во ЕУ и НАТО и дека не смее да има поинаква иднина за Македонија.

Мицкоски реагираше и на, како што рече, жестоката и предвремена кампања за референдумот, а премиерот Зоран Заев го повика на нов ТВ-дуел. Рече дека четири месеци немале јавно соочување и дека на граѓаните треба да им се разјасни немањето резултати во досегашното владеење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Професор прашува студент по медицина:
- Колега, како ќе познаете дали некоја жена е бремена?
- Па, ќе има голем стомак и пеги по лицето.
- Аха. А јас имам ли голем...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги...
Верски календар
На денешен ден
1835.- Во Париз умре Винченцо Белини,...
1905.- Шведска ја призна независноста на...
1908.- Во Солун, во кафеаната "Бошњак-ан",...
1941.- Во Лондон, на конференцијата на...