Ахмети: Надвор од НАТО, Македонија тешко ќе опстои

Сакаме ли мир, сакаме ли добрососедски односи? Дали сакаме стабилност? Референдумот на 30 септември е печат кој му дава вредност на мирот, стабилноста и ќе се затвори едно поглавје која трае веќе 25 години. Ова е референдум за НАТО, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети во емисијата „Опинион“ на тиранската телевизија Клан.

Тој вели дека Албанците се во својата земја, во нивната држава и тоа има посебно значење за нивната иднина.
- Без сомнение дека Албанците ќе гласаат „за“ зачленување во НАТО и ЕУ, ќе гласаат за исполнување на нивните стремежи за посигурна и подобра иднина, вели Ахмети.

Според него, ДУИ им даде до знаење и на македонската страна, но и на грчката, кои имиња на државата се прифатливи за Албанците.

- Имам остварено многу средби со грчки и меѓународни претставници и им дадовме до знаење и ним, но и на македонската страна кои имиња не се прифатливи, односно се прифатливи за Албанците. Важно е дека Албанците секогаш биле за решавање на спорот, истакна Ахмети.
Лидерот на ДУИ исто така вели дека големите договори секогаш се прават со компромиси, со помош на нашите меѓународни пријатели.

- Додека живееме во една држава, ние треба да внимаваме за историјата и идентитетот на другиот. Јас не сум за реваншизам. Ние треба да упатиме порака дека не сакаме да владееме, или да бидеме арбитри на други проблеми. Сега е време за зачленување во НАТО и почеток на преговорите во ЕУ, истакна Ахмети.

Идентитетот на нашите сограѓани Македонци и самата Македонија, додаде Ахмети, тешко дека ќе опстојат надвор од НАТО и ЕУ.

Ахмети е убеден дека сите Албанци ќе гласаат „за“ на референдумот, а ова, вели тој, нема негативно да влијае кај националистичкиот дел од македонската страна.
- И Македонците се уморни од блокирањето на интеграцијата на земјата, така што атмосферата генерално е позитивна, истакна Ахмети.

Според лидерот на ДУИ, проблемите ги прават некои неодговорни политичари, а не обичните граѓани.
Ахмети, одговарајќи директно на прашањето на новинарот Бленди Февзиу, зошто Албанците ги интересира името на Македонија, вели дека на 30 септември со гласање на референдум ќе се решава иднината на земјата.

Лидерот на ДУИ се осврна и на законот за јазиците, вели дека албанскиот е официјален во Македонија и тоа ќе се конкретизира по референдумот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...