Од идниот месец во Гостивар повторно ќе се наплаќа паркингот

 Од октомври паркирањето по гостиварските улици повторно ќе се наплаќа. ЈП „Јавни паркиралишта и зеленило" склучи Договор со фирма која ќе го спроведе зонското паркирање со најава дека новиот системот ќе биде најсовремен во регионот.

Договорот за јавно-приватно партнерство помеѓу ЈП „Јавни паркиралишта и зеленило" и Електро Софт Инженеринг, претставниците на двете претпријатија го потпишаа во присуство а градоначалникот Арбен Таравари.

Според локалната власт, Договорот е во корист на општината и нејзините граѓани, а доаѓа неколку месеци по поништувањето на штетниот договор склучен во минатиот мандат.

- Претходниот договор беше штетен, бидејќи 62 отсто од наплатата за паркирање одеа за јавното претпријатие, а за приватниот партнер 38 проценти. Новиот Договор е поповолен зашто 90 проценти од средствата ќе одат за општината, односно за јавното претпријатие, а само 10 за приватниот партнер, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари по потпишувањето на Договорот.
Таравари очекува зонското паркирање да почне за две недели. Со проектот е предвидено преку посебна апликација возачите да добиваат известувања за слободни места за паркирање.

Директорот на „Електро Софт Инженеринг“ Златко Ризов потврди дека за две недели почнува првата фаза на проектот, односно зонското паркирање. Во втората фаза ќе бидат пуштени во употреба два затворени паркинга, а во третата фаза, наредната година да почне примената на сензори.

- Системот со сензори ќе им овозможи на возачите преку мобилен телефон точно да знаат каде има слободен паркинг, а и без таа апликација на мобилен ќе можат да се ориентираат преку инсталираната светлосна сигнализација. Кога ќе го направиме тоа, Гостивар не само што ќе биде првиот град во Македонија со такво паркирање, туку најверојатно и на Балканот, изјави Ризов.

Актуелната власт веднаш по локалните избори го раскина договорот кој беше постигнат со компанија од Скопје. Во меѓувреме, паркирањето по градските улици беше бесплатно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...