Спасовски: Бенефити за граѓаните со договорот за возачките дозволи со Германија (видео)

Скопје, 18 септември 2018 (МИА) - Договорот за заемно признавање на возачките дозволи со СР Германија е особено значаен за нашите граѓани на кои им се овозможуваат бенефити, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во пресрет на потпишувањето на декларација меѓу македонското МВР и германското сојузно Министерство за транспорт и дигитална инфраструктура со амбасадорот на СР Германија Томас Герберих.
- Денешниот ден е многу значаен затоа што потпишуваме долгоочекуван договор, договор за кој најдовме начин да ги завршиме преговорите и да го потпишеме. Знаете дека овој процес на разговори трае многу долго и навистина сум среќен што успеавме за една година да ги отстраниме сите пречки кои што беа за да се склучи еден ваков договор, рече Спасовски.
Овој процес, дополни, со години беше заглавен во лавиринтите на меѓусебното нормативно усогласување помеѓу надлежните служби на Република Македонија и СР Германија, без надеж за успешно решавање на отворените прашања. Граѓаните со право беа нестрпливи, затоа што со години им беа давани празни ветувања, но од денес, со потпишувањето на Декларацијата, ќе им овозможиме на нашите граѓани, од двете пријателски земји, да ги користат бенефитите од меѓусебното признавање на возачките дозволи.
Од практичен аспект ова значи дека на територијата на двете земји граѓаните кои ги исполнуваат условите според Декларацијата( законски престојуваат подолго од 180-185 дена во другата земја во текот на годината, имаат важечки национални возачки дозволи и кои наполниле 18 години) ќе можат да извршат замена на националните возачки дозволи, со валидни возачки дозволи од земјата во која престојуваат. Притоа нема да бидсат изложени на дополнителни трошоци за повторно полагање на возачките испити или пак обезбедување лекарски потврди и слично.
Такви и слични договори веќе имаме со повеќе европски земји како Италија, Шпанија, Белгија, Романија, Чешка, Унгарија, Австрија, со земјите од регионот - Србија, БИХ, Албанија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, а во завршна фаза се договарањата со Турција, Велика Британија, соседно Косово, како и Австралија и Нов Зеланд.
Министерот Спасовски истакна дека декларацијата е само дел од низата билатерални и партнерски активности што од самиот почеток на македонската самостојност во континуитет ги реализираме заедно со Германија. Се надева дека интензивирање на соработката во идниот период особено сега, како што рече, кога се направени клучните исчекори за македонско полноправно асоцирање во евроатлантските интеграции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...