Заев - Данкан: Бојкот на референдумот е бојкот на иднината на државата

Скопје, 18 септември 2018 (МИА) - Секоја поединечна одлука за бојкот на референдумот е бојкот на иднината на државата и на демократијата, констатирале на денешната средба во Владата британскиот државен министер за Европа и Америка Ален Данкан и премиерот Зоран Заев.
Како што соопшти владината прес-служба, Данкан изразил поддршка за успешен референдум, како демократски начин на израз на граѓанската волја, како и за процесот на интеграции на Македонија и охрабрување за земјава да ги оствари стратешките цели. Тој додаде дека тоа е важно за Македонија, но и за целиот регион.
Премиерот Заев, пак, изразил уверување дека мнозинството граѓани ќе излезат и гласаат за евроатлантската иднина на земјата
- Огромно мнозинство граѓани се за членство на Република Македонија во ЕУ и во НАТО, затоа што тоа ќе донесе стабилност и безбедност во државата и европски животен стандард. Јас сум уверен дека тоа ќе се преслика на претстојното гласање за референдумот. Очекувам сите политички субјекти во државата и поединци да најдат сила и дека ќе се издигнат над политичките интереси и ќе одговорат на обврската да се изјаснат на референдумот, во овој историски момент за иднината на државата, рече премиерот Заев.

На состанокот се разговарало и за други актуелни политички и безбедносни прашања на домашен и регионален план.
- Заедничка оценка е дека евро-атлантските интеграции на Македонија се придонес во регионалната стабилност и безбедност и економските перспективи за сите граѓани, стои во соопштението од средбата.

Британскиот министер за Европа и Америка Данкан денеска имаше средба и со шефот на дипломатијата Никола Димитров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...