Данкан: Референдумот ја одредува иднината на Македонија

Скопје, 18 септември 2018 (МИА) - Тука сме во момент што е многу значаен за земјата и можам да кажам дека договорот што го потпишаа премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев е извонреден чекор за иднината на Македонија, порача британскиот министер за Европа и Америка Сер Алан Данкан.
- Се надевам дека луѓето ќе учествуваат на референдумот на крајот на месецов. Сметам дека тоа ќе биде значаен чекор напред за Македонија и верувам дека сите, а особено младите луѓе ќе покажат интерес за одлуката. Ова е одлука за вас и јас како министер на друга држава не можам да ви кажам што треба да правите, но можам да ве замолам да учествувате на реферндумот. Младите луѓе треба да сфатат дека се работи за нивната иднина и да разберат дека е чекор напред што ќе и овозможи на Македонија да се придружи на другите земји во НАТО и ЕУ, изјави Данкан по потпишувањето меморадум за изработка на енергетска стратегија на земјава за наредните 30 години со вицепремерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Нагласи дека се надева оти референдумот ќе биде успешен и ќе се донесе „чиста одлука“ што ќе ја одреди иднината на Македонија за декадите што доаѓаат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...