Ван Бален: Силна е поддршката на ЕУ кон Македонија

Скопје, 20 септември 2018 (МИА) - Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ денеска имаше средба со пратеникот во Европскиот парламент и претседател на АЛДЕ, Ханс Ван Бален, кој е голем поддржувач на Македонија.
Шапуриќ, како што соопшти неговиот кабинет, го информирал Ван Бален за Планот за економски раст на Владата, односно мерките за поддршка на странските и домашните инвеститори.
- За првпат во Македонија, условите за инвестирање се еднакви и за странските и за домашните инвеститори, истакнал Шапуриќ.
Тој притоа го запознал Ван Бален со активностите кои ги спроведува за подобрување на бизнис климата, преку посети на компании, состаноци со стопанските комори во Македонија, учество во изготвување и спроведување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и друго. Резултатите од овие мерки и активности се веќе видливи, показател за тоа е склучувањето на околу 100 договори за финансиска поддршка со компании како и растот на БДП од 3.1 отсто во вториот квартал од оваа година, што претставува значајно забрзување на економскиот раст.
На средбата се разговарало и за претстојниот референдум којшто, како што посочиле соговорниците, ги отвора вратите за евроатланските перспективи и полноправно членство на Македонија во НАТО како 30 држава, и добивање на датум за отпочнување преговори со Европската Унија.
Било констатирано дека членството во НАТО и приближувањето кон европското „семејство“ ќе донесе низа бенефити за Македонија, особено пораст на економијата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Европратеникот изразил задоволство од реформите во економскиот сектор како и за одлучните политики на Владата, предводена од премиерот Зоран Заев, кои по 11 години застој, водат кон прогрес на државата.
Ван Бален ја потенцирал сопствената и поддршката на Европската унија за Македонија и изразил надеж дека граѓаните ќе ја препознаат оваа историска шанса и на 30 септември ќе излезат на референдум и ќе го дадат својот глас за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...