Тимоние: Размислувајте за идните генерации, изборот е Северна Македонија или Северна Кореја

Скопје, 21 септември 2018 (МИА) - Францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние, денеска порача дека Македонија може да испорача добри вести, затоа што поседува капацитет за помирување и компромис, како и дека е способна да ги надмине сите митови и болки од минатото.
- Мислам дека Македонците сега имаат вистинска шанса, особено во текот на идната недела, и дека се способни да направат одредени жртви. Зборувам со Македонците и знам дека сето ова воопшто не е едноставно, но треба сите да размислуваат и за идните генерации. Можеби директно, но ќе ви кажам. Изборот е Северна Македонија или Северна Кореја. Треба да знаете што ќе изберете, рече Тимоние на панел-дискусијата „Реформи, референдум и евроатлантски-интеграции на Република Македонија“, во МНР.
Посочи и дека треба да се продолжи со реформите.
- Во Секретаријатот за европски прашања забележуваме дека тоа бара секојдневна работа и знаеме да кажеме Македонците се многу вешти во подготовка на текстовите, но многу потешко ги спроведуваат практично, но тоа е случај со сите и треба да се продолжи, порача францускиот амбасадор Тимоние.
Како учесници на панел-дискусијата беа најавени и претставничката од Францускиот Сенат, сенатор од Ивелин и претседател на групата за пријателство Франција-Западен Балкан, Марта Де Сидрак и сенаторот од Вал д Уаз, но тие не присуствуваа поради обврски во Франција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...