Кумуцакос: Голем е мотивот за Скопје на референдумот да гласа „ЗА“

Со гласање „ЗА“, според Договорот од Преспа го задржуваат нивниот идентитет, заспиваат како мала држава на Балканот, а се будат како членки на НАТО, вели Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, во интервју за грчката телевизија Скај, давајќи негова процена во пресрет на референдумот во Македонија.

- Мотивот да се гласа „ЗА“ е многу голем. Затоа што со Договорот од Преспа, прво го задржуваат она што го вели Заев. Името, националноста и јазикот. Односно нивниот идентитет. И второ, добиваат интеграција во НАТО и позитивна перспектива за интеграција во Европската унија.

А прашањето, секако е што добива Грција. Ако не гласаат „ДА“, ако гласаат со „НЕ“ ќе биде многу интензивна потврда дека во оваа земја е длабоко вкоренет национализмот и иредентизмот, бидејќи ако овие големи мотиви, овие вистински промени во нивните животи, ќе заспијат како мала држава на Балканот и ќе се разбудат како член на НАТО. Ако во Скопје го игнорираат ова и гласаат „НЕ“, тогаш доаѓа потврда за долгогодишната загриженост на Грција за тоа како стојат работите во оваа земја, рече Кумуцакос.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, одговорниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија, во интервјуто го повтори ставот на Нова демократија дека договорот е штетен поради прифаќањето на македонски јазик и македонска националност и дека нема да гласаат за ратификација во грчкиот парламент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...