Лоренцо Сера: Лага е дека никој не ја сака Македонија во ЕУ

Tенденцијата е јасна - Македонија има многу добра можност да стане членка на ЕУ, но има домашна задача што треба да се направи, а тоа е имплементација на реформите, изјави денеска шпанскиот амбасадор во Македонија Емилио Лоренцо Сера.

Тој тврди оти голема лага е дека никој не ја сака Македонија во ЕУ, алудирајќи на дел од кампањата што се водеше пред референдумот.

- Многу од реформите што Европската унија ги бара од Македонија да ги имплементира, се за доброто на македонските граѓани. Целта е да се направи систем базиран на владеење на правото, што ќе го заштитат обичниот граѓанин од злоупотребите од претходните влади, рече Сера.

Тој вели дека од почитувањето на законот големо мнозинство граѓани ќе имаат бенефит, и тоа е она што го бараат ЕУ и НАТО од Македонија - да имплементира демократски систем базиран на владеење на правото.

- Овој памфлет што го видов во деновите пред референдумот, претставувајќи ја Европската унија како сака да ја купи Македонија како проститутка, е нешто најодвратно и нечесно што сум го видел во моите 66 години живот. Ова е ѓубре од таква категорија и како што кажав е одвратно, рече Сера.

Посочи дека ЕУ е најважен донатор во Македонија, и оти да се презентира тоа на начин како некој кој сака да купи проститутка, е комплетно апсурдно.

- Тоа е намерата на некој што сака да манипулира со луѓето кои не се разбираат во политика, и тоа на крајно неприфатлив начин. И овие луѓе кои стојат зад ова треба да се засрамат себеси и да не можат да се погледнат во огледало, рече Сера.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...