Димитров: Разговорите за спорните моменти од историјата ќе бидат тензични, но очекуваме резултати

 Разговорите меѓу Бугарија и Македонија за спорните моменти од заедничката историја ќе бидат тензични, но очекуваме да постигнеме резултати, изјави професорот Ангел Димитров, кој е претседател од бугарска страна од заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања со Македонија.

- Работата ќе биде тензична и нема да се одвива брзо колку што сакаме, но со очекувања да постигнеме резултати. Нема големи претензии од страна на колегите од Скопје, нашите забелешки се повеќекратни, но има изградени позиции кои во научната дискусија не се менуваат лесно, изјави за почетокот на преговорите Димитров кој е историчар и поранешен амбасадор на Бугарија во Скопје.

Комисијата започнала со разгледување на учебниците за основно образование.

- Овие учебници ја разгледуваат историјата од антиката и средниот век. Нашите забелешки беа концентрирани врз средновековието каде се создава врската на бугарската држава со географската територија на Македонија. Промената е комплексна, ги прегледав и учебниците за гимназија и за новото време ќе имаме уште посериозни разминувања, додава Димитров во изјавата за БТВ.

Според него, и покрај разидувањата има и теми за кои има консензус. Тој како пример го посочува Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија, кој, како што вели, веќе дава резултати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...