Повторно поништен јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании

Министерството за транспорт и врски повторно го поништи јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании кој што беше објавен на 13 септември годинава.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска на прес-конференција во Владата, информираше дека до крајниот рок е доставена само понуда од Визер, но таа не одговара со условите и критериумите во тендерот.

Авиокомпанијата Визер доставила понуда во која сите четири дестинации од аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, планира да ги воведе во август 2019 година што е спротивно на еден од критериумите во тендерот.

- Во повикот јасно стои дека авиокомпанијата има обврска до 10 јануари 2019 година да воведе две линии од аеродромот во Охрид и уште две во рок од една година од потпишувањето на договорот. Авиокомпанијата Визер понудила сите четири дестинации да ги воведе во август 2019 година. Поради ова, комисијата констатираше дека условите од јавниот повик не се исполнети и даде препорака овој јавен повик да се поништи. Оваа фактичка состојба не ми остава никаква друга можност освен доследно почитувајќи ја уредбата и јавниот повик повторно да ја поништам и оваа постапка, нагласи Сугарески.

Тој додаде дека Владата останува доследна на мерката за финансиска поддршка за авиокомпании кои ќе понудат нови дестинации за македонските граѓани и оти средствата за субвенционирање се веќе предвидени во буџетите.

Министерот информира дека по итна постапка ќе достави до Владата информација со која во најкраток рок ќе се усвои неопходната уредба и веднаш потоа Министерството за транспорт и врски ќе објави нов јавен повик.

- Критериумите и условите нема да ги менуваме, тие ќе бидат исти како и на претходниот јавен повик, истакна Сугарески.

Тој нагласи дека нема никаква тенденција во поништувањето на тендерот и ги отфрли шпекулациите дека тендерот се мести за Air Albania.

Досега се објавени два јавни повика и оти двата беа поништени. На двата повика понуда достави само компанијата Визер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...