Вучиќ: Недостасуваше нешто во понудата на ЕУ до Македонија за референдумот

По неуспехот на референдумот во Македонија и изборите во БиХ се охрабрувам да кажам дека имаме потреба од посилна ЕУ во регионот. Потребно ни е нешто опипливо, не само поддршка, туку потребно ни е исполнување на ветувањата од Европа, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на Белградскиот безбедоносен форум.

На отворањето на форумот, Вучиќ заедно со австрискиот претседател Александар ван дер Белен, најголемиот дел од говорот на темата „Западен Балкан и ЕУ“ го посвети на состобата во Македонија.

- За жал, очигледно е дека договорот што го склучија двете страни, а беше добар и за двете земји, не помина во Македонија и на народот тој не му се допадна, кажа Вучиќ, и додаде дека „место тоа да се признае, се играме со разни математички формули, се лажеме самите-мнозинството од ова, мнозинството од она. А една од причините за ова е тоа што му беше понудено на обичниот народ, дека не му беше привлечно, како што мислеа во Европа. И да, тоа е точно, ветувањата од Европа на народот не им беа привлечни, оцени Вучиќ.

Србија нема аспирации да се зачлени во НАТО, изјави Вучиќ, но затоа на Македонија и е ветено зачленувањето во Алијансата, како и во ЕУ.

-Ние ги слушаме тие приказни веќе 15 години и ништо се нема сменето во овој период во регионот. Ни треба нешто опипливо. Ни треба нешто што луѓето во Македонија ќе можат да го видат и да го почуствуваат. Мислам дека тука, во понудата, нешто недостасуваше, оцени Вучиќ.

Tој констатираше дека на целиот регион, како и на Србија, кога се даваат ветувања од ЕУ, тие треба да бидат сигурни и истите мора да се исполнат. И граѓаните тоа мора да го почуствуваат. Србија ќе го следи европскиот пат и ќе ја чува стабилноста во регионот и ќе има добри односи со соседите, рече Вучиќ.

Австрискиот претседател кажа дека регионот на Западен Балкан ќе биде приоритет на австриското претседавање со ЕУ, како и дека покрај проблемите во рамки на ЕУ и долготрајниот замор од проширувањето, тој гледа ентузијазам во овој поглед.

-Потребно е земјите од Западниот Балкан и Србија и Македонија, да се вклучат во промените што се случуваат во Унијата и пред да станат членки, потенцираше Белен.
Тој оцени дека работите во регионот не се одвиваат онака како што мислиме дека можат, притоа го спомена прашањето за името на Македонија.

-Во разговори со грчките амбасадори, мене една работа секогаш ме нервираше, а тоа е името на Македонија, она славно ФИРОМ, односно БЈРМ. Мене воопшто не ми е јасно за што станува збор тука и што е проблемот. Но, од друга страна, работите бараат време, изјави австрискиот претседател, наведувајќи го проблемот со Јужен Тирол, за кој требаше 80 години да се реши овој проблем.

Белградскиот безбедносен форум, осми по ред, e најпрестижен форум во овој дел од Европа, а на него зборуваат претседатели, премиери и државни функционери.

За утре е највено гостувањето на заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Метју Палмер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Напис на маица:
- Учете од грешките на вашите родители - користете контрацепција.

* * *
Игорче и мајка му одат на лекар. Додека чекале на ред, Игорче почнал да беснее, да...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на студентската...
1558.- Умре англиската кралица Мери I Тјудор,...
1587.- Роден е холандскиот писател Јост ван ден...
1755.- Роден е францускиот крал Луј XVIII, кој...