Грчки портал тврди дека од тајните фондови на МНР биле финансирани македонски и албански медиуми

Околу еден милион евра од тајните фондови на грчкото МНР биле искористени за финансирање на медиуми во Македонија и Албанија и за поддршка на православни цркви, според информациите што ги објавува информативниот грчки портал Ајефимерида (iefimerida).

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за конкретниот текст реагираше претседателот на грчкиот Парламент и кабинетот на Ципрас, а според „Ефимерида тон синдактон“, обвинителството наредило истрага за објавување доверливи информации.

Новинарот од Ајефимерида (iefimerida) пишува дека информациите се од 10 октомври, последниот пат кога бил известен гечкиот Парламент за тајните фондови, односно една седмица пред кавгата на Каменос и Коѕијас на владината седница.

- Според информациите, во запечатениот документ што во Парламентот го донесе специјален службеник од Министерството за надворешни работи имаше три кодови, додека пак вкупниот износ ставен на располагање изнесуваше околу 1.000.000 евра. Првиот код се однесуваше на парите распределени на медиуми во Албанија. Вториот код се однесуваше на финансирање на медиуми во поранешната југословенска Република Македонија. Третиот код се однесуваше на средства што беа распределени за поддршка на православни цркви и главно на православието, објави грчкиот портал.

На прашањата на потпретседателите на Парламентот зошто биле финансирани медиуми во Македонија и Албанија, според Ајефимерида (iefimerida), било објаснето дека тоа е „за да постојат позитивни натписи за Грција и да се лобира врз тамошните новинари или раководствата на медиумите во корист на грчките интереси“.

Доцна синоќа, според „Ефимерида тон синдактон“, Обвинителството во Атина наредило итна истрага за објавување доверливи информации, по написот на грчкиот информативен портал.

Претходно, со соопштение реагираше кабинетот на грчкиот премиер, во кое вели дека „невидената бедност на порталот да објавува наводни информации за распределувањето на тајните фондови на Министерството за надворешни работи директно ги задира националните интереси“ и обвини дека зад тоа стои Нова демократија.

- Ако господинот Мицотакис сака да се информира за тајните фондови, да побара итно средба со премиерот, соопштуваат од кабинетот на Ципрас.

За објавените информации од грчкиот портал реагираше и Никос Вуцис, претседателот на грчкиот Парламент.

- Предизвикува огорченост протекувањето во медиумите на наводните „доверливи трошоци“ на МНР, но во исто време покренува и сериозни прашања за целта и стремежите на оние политичари и електронските медиуми кои ги даваат и ги објавуваат овие „вести“, вели Никос Вуцис во пишаната изјава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...