Владата ги усвои нацрт-амандманите на Уставот, Заев очекува поддршка од сите пратеници

Владата денеска на седница го усвои текстот на нацрт амандманите на Уставот на РМ согласно договорот од Преспа и заклучоците на Собранието.



На прес-конференција во Владата денеска нацрт-амандманите ги соопшти премиерот Зоран Заев кој рече дека четирите амандмани се едноставени, немаат ништо спорно и се во согласност со меѓународните стандарди и оти заслужуваат поддршка од сите пратеници во име на интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Првиот амандман, како што соопшти премиерот, се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот освен во членот 36 каде има историски аспект.

Вториот се однесува на Преамбулата на Уставот, каде, како што рече Заев, одлуките на АСНОМ се заменуваат со прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор за да биде конститутивен елемент на државата. Тоа, наведе премиерот, дел од конституцијата од Уставот на РМ само сега се додаваат формулации и тоа е фер кон сите помалкубројни заедници

Во третиот амандман се додава само еден став, а тоа е Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави, што дава посилни гаранции за трајност и неповредливост на границите со Грција, иако се однесува за сите соседи.

Во четвртиот амандман, појасни премиерот, покрај потврдување на македонскиот идентитет стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство, и ги унапредува нивните врски со татковината.

– Токму тоа е за нашата дијаспора, за која останува грижата, но на еден европски начин. Направена е една преформулација на членот 49 за да не предизвика одредени други пречки во иднина. Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи. На едноставен начин е прецизирано, но конечно е отстранета која било бојазност од двете страни во преговорите за што било во иднина да претставува пречка во градењето на пријателството помеѓу Република Македонија и Република Грција, рече Заев.

Тој истакна дека во нацрт-амандманите на Уставот се вклучени и предлозите на новата пратеничка група во Собранието.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...